Српскиот коментатор плачеше за време на минутата молк за настраданите во Кочани и смртта на Делибашиќ и Илиќ (ВИДЕО)

3098

Фудбалската репрезентација на Србија во моментов во Белград го игра реваншот од плејофот од Лигата на нации против Австрија, со која се бори за место во елитната А дивизија на ова натпреварување.

На социјалните мрежи во моментов е актуелно видеото со коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не можеше да ги запре солзите пред почетокот на мечот, кога фудбалерите на двата тима со минута молчење им оддадоа почит на жртвите во големата трагедија која и се случи на Македонија во Кочани, како и во знак на почит фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Овој момент медиумите во Србија го опишуваат како еден од најтрогателните и најтажните во историјата на нивната национална телевизија.

ПретходноВелшките фанови кои ќе дојдат во Скопје ќе одиграат пријателски меч
СледноЛН: Србија, Турција и Грција ќе играат во „А“ сегментот од Лигата на нации (ВИДЕО)