Дејвис: Секогаш е тешко да се игра во овој дел од Европа, Македонија е добра во контра напади

253

Репрезентацијата на Велс вечерва пристигна во Скопје директно од Кардиф. Нашиот утрешен противник во вториот дуел од тековните Мундијалски квалификации тренирал денеска на домашно тло, и нема да го одработи вечерниот тренинг на Арената во Скопје.

Со задоцнување од околу половина час, Велс вечерва ја одржа официјалната прес конференција, прв се појави Бен Дејвис.

„Знаеме дека не чека тежок меч. Секој меч надвор од дома е тешко. Македонија е добар тим, ќе мора да дадеме се од себе.

Се сеќавам на тој меч пред 12 години, не можам да кажам дека има премногу сличности. Ќе кажам следното дека секогаш е тешко да се игра во овој дел од Европа.

Да, свесни сме за трагедијата во Кочани. Разговаравме за тоа на нашите состаноци и ќе покажеме целосна почит за домаќинот и за неговата ситуација утре.

Имаме некои работи кои ќе мора да ги поправиме, се надевам дека тоа ќе се случи токму утре. Се надевам на добар меч.

Последните денови ги анализиравме. Добри во контра напади, добри индивидуалци. Ќе мора да бидеме на максимално ниво. Планот ни беше да пристигнеме вака доцна. Трениравме во Кардиф, и заминавме за Скопје директно. Оваа прес конференција е мојата прва активност тука“ – изјави дефанзивецот на Велс.

ПретходноИ ФФМ се огласи: Активностите на Масев во Фудбалската федерација престанаа уште пред повеќе од една седмица
СледноБелами: Народот во Велс е со вас, сме имале слични трагедии, многу е тешко да се зборува за фудбал