Арсенал плати дури 24 милиони фунти за голманот Рамсдејл!

464

Само неколку часа откако го објави трансферот на Мартин Одегард, Арсенал се пофали со уште едно засилување за новата сезона. Нов член на „топџиите“ е голманот Арон Рамсдејл кој доаѓа од Шефилд Јунајтед.

Арсенал ќе плати 24 милиони фунти, а сумата со бонуси може да порасне до 30 милиони фунти (ако тој стане прв избор на голот на „топџиите“). Потпишан е договор на четири години со опција да биде продолжен на уште една.

Тој ќе биде конкуренција на Бернд Лено и на Рунар Рунарсон за место меѓу стативите. Рамсдејл беше младински репрезентативец на Англија, а се уште нема настап за А тимот на „Гордиот Албион“.

Сумата која ова лето ја потроши Арсенал на засилувања надмина 130 милиони фунти.

Половина од сумата платија за бекот Бен Вајт, останатите на Одегард, Локонга, Рамсдејл и Нуно Тавареш.

ПретходноПочнува Серија А – Пандев, Елмас и Нестор на сцената на најнеизвесната лига во Европа
СледноНефи Усеини: Воска Спорт е сериозен проект на долги патеки, нашите амбиции се големи!