ФК Слободен и навивачите на Велс одиграа пријателски меч на ФФМ

1080

Како предигра на вечерниот дуел од Мундијалските квалификации на Македонската фудбалска репрезентација против Велс, кој ќе се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:45, четвртолигашот ФК Слободен одигра пријателски меч со тим составен од навивачите на Велс пристигнати во нашиот главен град.

Истиот се одигра денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, и заврши со победа на Велшаните од 5:6.

Секако резултатот од овој дуел е во втор план, а првенствено е важна дружбата и желбата ова да прерасне во традиција која што ќе се пренесе и на следните гостувања во Скопје, со кој и да е навивачки тим.

 

ПретходноОва е стартниот состав: Македонија против Велс со Елмас и Миовски во нападот! (ФОТО)
СледноБлатер и Платини повторно ослободени