Претседателот на ПСЖ постави рекорд!

134

Насер Ал – Келаифи постави рекорд во ПСЖ. Имено тој како прв човек на “светците“ е најдолговечниот претседател во овој клуб од Париз. Ал -Келаифи од 25 март го мина и Франсис Борели, кој досега беше најдолго на чело на ПСЖ.

Насер Ал – Келаифи дојде на чело на “светците“ пред 13 години. Со помош на катарските петро – долари тој раководи со еден од најбогатите ако не и најбогат фудбалски клуб во светот.

Смени многу тренери, во ПСЖ играа и такви мега – ѕвезди како Меси,Мбапе, Нејмар, Ибрахиовиќ, но барем засега не успеа да се израдува на пехарот во Лигата на Шампионите.

Во изминатите 13 години под водство на Ал – Келаифи, ПСЖ освои 10 титули во Лига 1.

Допрва се очекува она вистинското, а како игра ПСЖ во оваа 2025, тоа секако дека е можно.

ПретходноПорака до репрезентативците: Главата горе, приказната продолжува
СледноИсник Алими, човекот кој изгина за Македонија!