ФФМ со благодарност до сите присутни синоќа на Арената

568

Македонската фудбалска репрезентација синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје, пред 25.000 гледачи одигра 1:1 против фаворизираниот Велс. Во меч во кој имавме водство до последните секунди, нашиот национален тим одигра фајтерски, борбено и ги заслужува сите честитки.

Исто како и публиката која што заслужи чиста „десетка“ за се што направи. Од самото присуство, преку однесувањето кое што прилега на ваквите тешки моменти во кои се наоѓа нашата земја, до искрената радост и солзите по постигнатиот гол.

Фудбалската Федерација на Македонија предмалку јавно се заблагодари на сите присутни, а и на оние кои мечот го следеа преку малите екрани, а беа со срцето на Арената со нашиот национален тим.

ПретходноБугарска работа…. жена му го измамила со кумот, им простил на двајцата
СледноМакедонија доби нов ракометен клуб – ЖРК Атлетик!