Шефот на Мерцедес, Тото Волф, потсети на малку заборавената идеја од неодамнешното минато на Формула 1, дека Кина, која е исклучително важен пазар за сите учесници во светскиот шампионат, треба да биде домаќин на две трки во една сезона. Сезоната во Формула 1 сега вклучува 24 тркачки викенди годишно, од кои три се во САД, а битката на таканаречените „традиционални патеки“ во Европа со новите и егзотични дестинации на календарот станува се потешка.
Шангај е домаќин на Кинеското ГП откако спортот влезе во земјата, при што враќањето на трките во Формула 1 е многу тешко со оглед на строгите ограничувања во комунистичката држава, но сега интересот повторно се зголемува. Наскоро, сериозно ќе се земе во предвд идејата и за втора трка во Кина.