И покрај сите најави дека Барселона веќе крена раце од него, тренерот на Каталонците, Роналд Куман, изјави дека во актуелната сезона ќе смета на играчот од средниот ред, Филипе Кутињо.
„На Филипе му треба уште една недела тренинг пред да влезе во тимот. За мене тој е одличен играч кој може да биде важен за Барса. Апсолутно сметам на него оваа сезона“, им потврдил Куман на новинарите.