Миленкоски ги собира одбојкарите на средината на мај, договорени контроли со Хрватска

173

Македонската машка одбојкарска репрезентација по 15 мај ќе го има првиот собир во Скопје со кој ќе се означи и стартот на подготовките на националниот тим за претстојното издание на Европската Златна лига. Повратникот на кормилото на нашата репрезентација, најтрофејниот одбојкарски стратег Јошко Миленкоски, веќе одредил тренинг-програма за репрезентацијата во пресрет на летните репрезентативни обврски, којаќе опфати тринеделен подготвителен период пред првите натпревари во Европската Златна лига.

Пред првиот дуел од новото издание на ова европско натпреварување под капата на ЦЕВ кој не очекува на 7 јуни на турнирот во Братислава против селекцијата на Финска, Македонија најверојатно ќе одигра и две контролни средби. Противник треба да ни биде Хрватска, а двата меча ќе се одиграат на гостински терен.

Миленкоски ќе ја собере репрезентацијата во Скопје, каде во овој период собир ќе има и женската репрезентација, која исто така ќе се подготвува за настап во Европската Сребрена лига.

ПретходноПо само две трки Ред Бул го смени вториот пилот: Беше тешко да се гледа како се мачи
СледноБенто повеќе не е селектор на ОАЕ: Им донесе уште една победа, па му врачија отказ