Маурисио Покетино ја оствари и третата последователна победа на стартот на сезоната во француската Лига 1. Ѕвездениот ПСЖ вечерва замина како победник и од гостувањето кај Брест, откако славеше со 4:2.
Без Меси, Нејмар и Рамос кои се уште не се во тимот, ПСЖ на крилата на Мбапе, Икарди и останатите, вечерва славеше и во третиот натпревар од новата сезона. Интересно, иако беше најавен, вечерва не стартуваше голманот Донарума, кој остана резерва на Навас кој и овој пат беше стартер на голот на парижани.
Со головите на Ерера и Мбапе, ПСЖ поведе со 2:0 во првите 36 минути од средбата, а во завршницат ана полувремето домашните намалија преку Хонорат.
Во вториот дел се чекаше до 73. минута кога Гуеје успеа да зголеми на 3:1, а домашните се вратија за интересна завршница со голот на Муние во 85. минута. Сепак, Ди Марија со гол во 90. минута ја потврди очекуваната победа на гостите.