Официјално: Ројевиќ во ГРК Охрид до 2028!

90

Она што беше најавено уште пред неколку недели, од денеска е и официјално. Еден од најдобрите ракометни тренери во Србиј, Борис Ројевиќ ово следната сезона ќе го предводи амбициозниот тим ГРК Охрид. Утринава раководството на охридскиот суперлигаш го претстави својот нов тренер кој ќе го предводи ГРК Охрид до 2028 година.

Србинот денеска го потпиша догoворот со својот нов клуб за да потоа ГРК Охрид и го претстави на јавноста Борис Ројевиќ како свој нов шеф на стручниот штаб.

Трофејниот тренер на Војводина и кусо време селектор на Србија, на клупата ќе го наследи Стевче Алушовски, кој ќе биде на кормилот на ГРК Охрид до крајот на оваа сезона.

Значи и дефинитивно стартува новата ера во ГРК Охрид, со Ројевиќ како тренер.

ПретходноСтојковиќ: Сочувство до семејствата на жртвите во Кочани, на повредените им посакувам брзо опоравување
СледноПресврт: Дани Алвес ослободен од обвиненијата за сексуален напад!