Утре започнува елитниот таеквондо турнир во Скопје!

73

Г1 ранг турнир кој е дел од официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација и носи бодови за олимписка норма.

Можеби наголемиот спортски настан годинава во државата. Скопје во наредните 2 дена ќе биде домаќин на СВЕТСКИОТ ТАЕКВОНДО ВРВ. Во главниот град ќе дојдат над 700 натпреварувачи од повеќе од 50 држави, голем број олимписки и светски медалисти. Дејан Георгиевски се бори во недела, а покрај Георгиевски, Македонија ќе биде претставена уште од 20 теквондисти. Големата бројка на македонски теквондисти кои ќе се претстават пред македонската публика, како и самата организација на овој ЕЛИТЕН ТАЕКВОНДО ТУРНИР е потврда за крупните чекори што ги прави Македонската таеквондо федерација за популаризација на овој олимписки спорт.

ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ СИТЕ МАКЕДОНСКИ ТаЕКВОНДИСТИ НАРЕДНИТЕ 2 ДЕНА ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

ПретходноСелекторот Грчевски го објави списокот на ракометарки за баражот со Полска! (ФОТО)
СледноФК Рокдејл Илинден од Австралија собра 87.100 долари кои ќе ги донира на семејствата на настраданите во Кочани! (ФОТО)