Екс – играч на Барса: На тренинг не смеевме да го допреме Меси!

1161

Интересно било на тренинзите на Барселона до пред некој ден, додека Лео Меси беше член на каталонската гордост. Имено некогашниот член на Барса, Жан-Клер Тодибо, инаку француски дефанзивец, изнесе интересено податок.

На тренинзите на Барселона ниту еден фудбалер не смееше да го допре Меси, а камо ли да стартува врз него. Никој не смееше тоа да го направи. Стравувавме да не го повредиме. Можеби звучи бизарно, но така беше. Тој е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња“ изјави Тодибо.

Инаку тој сега е фудбалер на Ница и сигурно е дека кога ќе игра против ПСЖ сега ќе може да стартува врз Меси колку и да сака.

ПретходноБензема: Секој ден уживам во сонот што сум дел од најдобриот клуб во светот!
СледноЛегенда која трае: Пандев против Интер ја стартува својата 18-та сезона во Серија А!