Алкалоид ги запиша првите бодови во плеј-офот, откако на домашен терен го совлада ГРК Тиквеш со 34-27 (16-12) во рамките на второто коло. Во составот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија се врати Дамјан Митев, кој не играше против Вардар 1961.
Први стрелци кај победникот беа Дамјан Митев и Мартин Серафимов, двајцата реализираа по шест гола, по пет погодоци имаа Бинго и Петковски. Кај гостите, Обина и Кривокапиќ имаа по седум погодоци.
Деулот почна изедначно, се играше гол за гол, ова се промени после 10-та минута по која Алкалоид со серија од 6-1 поведе со 12-7 на стартот на последните десет минути. Во овој период Марко Кизиќ беше одличен, на стартот имаше тројна одбрана за најавни шпици. Токму благодарение на неговите одбрани Алкалоид успеа да се „одлепи“ резултатски, но и да се одбрани од евентуален кам-бек на противникот. На моменти мечот беше тензичен, но без ескалации.
https://www.youtube.com/clip/UgkxYQv6sUS6q_lDJzv66Z6gU-S-pb_NImdL
Кавадарчни по 16-10, со серија од 3-0 на стартот на второто полувреме се доближија на 16-13. Домаќинот имаше брз одговор, повторно дојде на плус пет (18-13 и 19-14). Пред средината на вториот дел, Алкалоид дојде на плус седум (23-17). Тика беше јасно дека бодовите ќе останат во Авоткоманда.
Во следното коло, Тиквеш го пречекува Бутел Скопје, додека Алкалоид оди на гости кај Пелистер.