По голема битка Пелистер го победи ГРК Охрид!

108

Во СЦ „Билјанини Извори“ се одигра вистинско дерби, кое на крајот му припадна на Пелистер, кој славеше со 23-26 против ГРк Охрид во последниот меч од второто коло во плеј-офот. Охриѓани не беа во полн состав поради повреда не настапи Мацуока и Орјоникидзе, кој се повредени, а на оваа листа се додаде Јотиќ.

Главен виновник за победата беше Филип Кузмановски, кој во финишот ги постигна клучните голови, мечот го заврши со 12 погодоци, зад него со седум гола беше Радивојевиќ. Кај домаќинот Рудолф Сафранко имаше седум гола.

Охриѓани отворија со 4-1, голема заслуга имаше Чаневски со неколку одбрани. Но, гостите на крилата на Кузмановски, со серија од 6-1 поведоа со 5-7. Голем хендикеп за домаќинот беше повредата на Јотиќ, кој се повреди. Пелистер не успеа да ја сочува позитивата од два гола, на одморот резултатот беше 11-12.

На стартот на вториот дел, Чаневски запиша одбрана, а Цирар од седум метри го врати водството на својот тим после цели 15 минути (13-12 и 14-13). Серија грешки, па после едно исклучување беше повеќе од доволна причина за да Пелистер се врати на дуелот (14-16), но Ојлески донесе нови израмнување 16-16. На средината на второто полувреме при 18-18 домаќинот не искористи шанса да дојде до водство, но тоа го стори во 50-та минута преку Цирар за 20-19.

Мечот влезе во неизвесна завршница во која Кузмановски имаше два важни погодоци за 20-21 во 53. минута, на пет минути до крајот, Радивојевиќ зголеми на 21-23. Охриѓани во последните две минути имаа негатива од 23-24. Кузмановски уште еднаш одигра капитенски, со 11 погодок во 29 минута зголеми на 23-25. Охриѓани не се снајдоа, на крајот веќе беше јасно дека бодовите одат во Битола.

ПретходноЈунатед и Сити без муниција, градското дерби без победник
СледноВерстапен: Да возев за Мекларен немаше да ме видите на патеката!