Слот: Фулам не е наивен, а поразот е резултат на нашите грешки

196

Менаџерот на ливерпул, Арне Слот ги посочи грешките на тимот кои доведоа до пораз на мечот со Фулам (2:3).

„Тешки 14 минути со три примени гола. Освен умешноста и способноста на Фулам да реализира шанси, ова главно се должи на нашите грешки. Општо земено, ние не правиме такви грешки толку често, а камоли три на натпревар. Во вториот дел одигравме многу подобро, но откако примивме три гола во првото полувреме, тешко е да се добие натпревар на ова ниво. За жал, немавме доволно време да го постигнеме третиот гол. Луѓето сакаат да смислуваат различни приказни, тоа е нивна работа. На многу тимови им е тешко против Фулам. Второто полувреме беше извонредно. Имавме шанси, но немавме доволно време“, изјави тренерот на Ливерпул.

„Црвените“ останаа лидери на табелата, но сега со 11 бода предност пред Арсенал на 7 кола пред крајот на првенството.

ПретходноАталанта тоне: Лацио замина со бодовите од Бергамо
СледноРазочарувањето е големо: Гостивар им се извини на навивачите за лажните надежи