Лавина критики за левиот бек на Ливерпул: „Време е да се пензионираш“

339

Левиот бек Енди Робертсон доби жестока реакција на социјалните мрежи поради лошиот настап на денешниот меч со Фулам, на кој „црвените“ беа поразени со 3:2. Репрезентативецот на Шкотска оваа сезона беше често на удар, а експертите и поддржувачите често тврдат дека тој веќе не може да игра на највисоко ниво.

Робертсон направи огромна грешка непосредно пред Алекс Ајвоби да го постигна вториот гол за Фулам, а навивачите на социјалните мрежи имаа тон критики.

„Време е да се пензионираш“… „Робо треба брзо да почне да учи арапски“… „Робертсон на крајот од сезоната пакувај ги куферите“…, се само дел од реакциите на навивачите на Ливерпул.

Ливерпул веќе ги разгледува потенцијалните засилувања за позицијата лев бек. Интересно е тоа што левиот бек на Фулам, Антоне Робинсон, кој денес се претстави одлично, е едно од имињата за кои се верува дека се на радарот на Арне Слот.

ПретходноЕвропски кајак куп во Велес: Спасиќ најдобар во К1
СледноЛиверпул може да стане шампион на Англија една недела пред да го пречека Арсенал