Мајорка на секој начин се обидува да го раскине договорот со Трајковски

832

Мајорка не само што не смета повеќе на нашиот репрезентативец Александар Трајковски, туку од петни жили се обидува да го тргне од платниот список. Тоа практично значи дека Мајорка во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го продаде нашиот интернационалец или да го раскине договорот со меѓусебна спогодба.

Како што пишуваат локалните медиуми на Мајорка, претседателот на клубот потенцирал дека Трајковски е непотребен и на него не се смета сезонава. Ситуацијата е сложена и за клуб и за фудбалерот, затоа што Алекс има договор со Мајорка до 2023 година. Тој се пресели во Шпанија пред две години, по претходната промоција во Примера и никако не успеа да фати место во тимот.

ПретходноГери Кејхил го облече дресот на Борнмут
СледноСтефан Стојановиќ е нов европски шампион во карате за кадети и јуниори