На натпреварот од Втората македонска кошаркарска лига меѓу екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и екипата на Соколи, младиот кошаркар на домашната екипа, Дино Лазарев по еден силен удар во градите колабираше на теренот.
По брзата реакција на присутните медицински лица во салата, Лазарев беше изнесен од теренот, но потоа мораше итно да биде транспортиран во болница на дополнителни тестови. Последните информации велат дека тој се чувствува добро, но ќе остане под надзор и натамошни специјалистички прегледи.