Јокиќ повторно со брутален трипл-дабл, ама Денвер повторно со пораз! (ВИДЕО)

766

Навистина што се случува со Денвер? Никола Јокиќ одново имаше фантастична партија, утринава против Индијана со 41 поени, 15 скокови и 13 асистенции, ама бадијала кога неговиот тим го доживеа и четвртиот пораз во серија па така сега го стави под знак прашалник и влезот во пеј -офот. Накусо, Денвер 120, Индијана 125.

Ова беше негов 32. трипл – дабл сезонава со што го урна рекордот на Вилт Чембрлен и стана центар со најмногу трипл-дабл изданија во една сезона.

Сепак треба да се каже дека Србинот, веројатно од замор беше тој што погреши во клучниот напад кога се кршеше резултатот и тоа беше тоа од Никола и од Денвер.

На останатите мечеви кои се одиграа синоќа треба да се спомене одличното издание на Лука Дончиќ и неговите 30 поени во победата на ЛА Лејкерси против Оклахома со 126:99.

Ова се останатите резултати:

Аталанта – Јута 147:134, Бостон – Вашингтон 124:90, Кливленд – Сакраменто 113:120, Портланд – Сан Антонио 120:109, Њујорк – Феникс 112:98, Голден Стејт – Хјустон 96:106, Њу Орлеанс – Милвоки 107:111.

ПретходноАморим му носи конкуренција на Онана: На „Олд Трафорд“ доаѓа голман од Чемпионшип
СледноДон Карло со одлука: Винисиус нема веќе да шутира пенали!