Килијан Мбапе: Не беше тешко да се одлучам меѓу парите и Реал Мадрид!

123

И дефинитивно е јасно дека, полека, но сигурно, Килијан Мбапе станува првата ѕвезда на најголемиот клуб во светот. Французинот сега е во преден план кај “кралевите“, и тоа пред Винисиус, Белингам, Родриго и сите останати мега – ѕвезди на клубот од Реал Мадрид.

Иако во Мадрид е веќе 10 месеци, Мбапе по првпат деновиве даде едно големо интервју за медиумите во Шпанија.

Секако дека е интересно да се издвојат поентите од тоа интервју.

Најпрво за тоа дека научил шпански за кусо време:

Човек мора да се потруди да се прилагоди на условите во земјата каде доаѓа. Не знам дали е тоа талент, но по природа сум љубопитен. Сакам да учам нови работи“ посочи Мбапе и продолжи…

За тоа дека сум во Реал Мадрид за мене е голема работа. Прво тоа беше мој сон, потоа моја цел за да на крајот стане стварност. Од мал знаев дека еден ден ќе завршам како играч на Реал Мадрид“.

Мбапе истакна дека одлуката да дојде во Реал не била тешка и дека некои работи се поважни од парите, ако се знае дека во ПСЖ имаше далеку поголеми примања:

Не беше тешко да се одлучам меѓу парите и Реал Мадрид. И да, да кажам дека со Реал Мадрид сакам да освојуваме пехари, многу пехари“ потенцираше најспектакуларниот фудбалер во светот.

ПретходноКако на филм: Поранешен колумбиски фудбалер повреден по престрелката во еден бар! (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: Тепачка на клупата на Валјадолид! (ВИДЕО)