Вардар 1961 се пласираше во финалето на „Хумел Купот“, кој се одржува во Магдебург, откако го совлада Холстебро со убедливи 33-28. Македонскиот првак во битка за трофејот ќе игра со Магдебург, кој го совлада Горење со убедливи 33-23.
На трибините, ракометарите на Вардар 1961 имаа мала, но значајна поддршка. Фановите на „црвено-црните“ дојдоа „наоружани“ со дресови и шалчиња во боите на Вардар 1961, но не заборавија да го распостелат и македонското знаме.
Финалето е закажано за утре со почеток во 15:30 часот.