Вардар и Ц.Звезда на 16. април на Арената „Тодор Проески“ ќе одиграат хуманитарен натпревар за настраданите во Кочани. Билетите за јужна, западна и источна трибина беа пуштени во продажба пред три дена, а до синоќа имаше рекордна продажба од 10.000 места.
Ова значи дека третина од стадионот е продадена, а во следните денови се очекува бројката да биде уште поголема.
Солидарноста за Кочани е на највисоко ниво, порача извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, кој јавно ја сподели последната информација околу продажбата на билетите за Вардар и Црвена Звезда.