Страшна сцена во НБА: Ова е една од најтешките повреди во последните години (ВИДЕО)

360

Кошаркарот на Мемфис Гризлис Џејлен Велс се здоби со една од најтешките повреди во последните години.

За време на синоќешниот натпревар меѓу Шарлот и Мемфис, Велс ги скрши десниот зглоб и подлактицата по тежок пад по забивање. За него оваа сезона е завршена.

Велс лежеше на подот по повредата осум минути, пред медицинскиот персонал да стигне до него и да му овозможи да биде изнесен од теренот со „шлем“ закачен на главата.

Од болницата потврдија дека нема сериозни повреди како парализа, за која многумина се сомневаа со оглед на падот.

Неговиот татко по натпреварот признал дека неговиот син, освен болките во лицето, вилицата и грбот, успеал на крајот да го праша и за резултатот од играта. Тоа секако ќе значи нешто за навивачите на Мемфис.

 

ПретходноКуп 1/2 финале: Седлоски сака финале, Вардар сака финале, ќе биде „жешко“ под Шара и без публика
СледноРК Вардар се жали зошто Алкалоид сака да го искористи своето право на жалба!