Ако денот се познава по утрото, а во предвид се земе серијата на соопштенија од страна на неколку клубови се чини дека во брзо време ќе гледаме вистински ракометен хаос, а најтешката задача ќе падне на грбот на новото раководство на РФМ. За мир во „куќа“ ќе има да исполнува многу желби, нема да биде чудо ако на некого му засмета што април се однесува како да е јануари или зошто птиците не летаат повеќе од лани.
Веќе стана пракса на секого што му смета клуб што вложува во иднината на репрезентативниот ракомет и се гради од цврсти темели, во јавноста да споделува соопштенија.
По Вардар и Пелистер се охрабри и ГРК Тиквеш. На кавадарчани им смета однесувањето на Кирил Лазаров, им смета што селекторот неколку пати ги замоли клубовите повеќе да вложуваат во македонските играчи. Да, на еден тим му засмета молбата од страна на селекторот заедно да работат за подобро утре на македонскиот ракомет, му засмета што сака да работи со ракометари кои во одредени тимови не ја добиваат потребната минутажа, па се одлучуваат да се преселат во Автокоманда.
Чисто пред да го споделиме соопштението на ГРК Тиквеш, да напоменеме, дека една репрезентација на Фарски Острови стана име во ракометот зошто воведе систем во својата земја, исто како што Лазаров го прави со Алкалоид. Ама кој сака да сфати, има и такви кои сфаќаат ама им е тешко да признаат.