Најдоброто кога е најважно. Така накратко може да се опише Ентони Едвардс, кој блескаше во Тенеси на еден од најважните натпревари за Западот. Минесота постигна рекордни 52 поени во третата четвртина против Мемфис и славеше со 141-125 на гостински терен. Едвардс на крајот постигна 44, а одличен беше и Ренд со 31 поен и 10 скока.
Во споменатата трета четвртина „волците“ погодија неверојатни 85,7%, погодувајќи 18 удари од 21 обид. На Гризлис не им помогна Морант со 36 поени, Бејн постигна 28, а Џексон Џуниор 23. Иако и домашните добро шутираа, направија 15 грешки и дадоа 23 поени, додека третата четвртина ја загубија со 52:25.
Сè се отвора за Минесота по оваа победа, бидејќи вечерва играат против Нетс на домашен терен, додека директните ривали Денвер и Мемфис ќе се судрат во Колорадо. Сега Минесота, Мемфис и Голден Стејт имаат ист скор од шестото до осмото место, Клиперс и Нагетс имаат една победа повеќе, третопласираните Лејкерси се два чекора понапред.
Резултати: Детроит – Њујорк 115:106, Индијана – Кливленд 114:112, Бруклин – Атланта 109:133, Милвоки – Њу Орлеанс 136:111, Мемфис – Минесота 125:141.