Наполи во преговори со несудениот македонски репрезентативец

110

Наполи започна преговори за потпис на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, тврдaт медумите во Италија. Задачата ја презеде спортскиот директор на „наполитанците“, Џовани Мана, кој веќе стапи во преговори со шефовите на лондончани и се обидува да постигне договор.

Засега, пак, преговорите се во прилично рана фаза и нема посебен развој на темата. Исто така, не е јасно дали Тотенхем би бил подготвен да се раздели со Швеѓанецот со македонски корени, кој е еден од клучните играчи во тимот, ниту која цена би му ја поставиле.

Кулушевски има искуство во Серија А, бидејќи во Тотенхем беше донесен од Јувентус за 30 милиони евра во 2023. Досега 24-годишниот играч има 138 настапи, 25 гола и 29 асистенции за Спарс.

ПретходноВитаминка е нов партнер на Фудбалската федерација на Македонија
СледноГвардиола ќе мора да го одврзе „ќесето“: „Шумарите“ за Гибс-Вајт бараат 100 милиони!