Модриќ подготвен за пензија, стана малцински сопственик на Свонси

306

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ полека доаѓа кон крајот на кариерата, а чекор поблиску до тоа е денешната вест дека станал малцински сопственик на велшкиот клуб Свонси, сега член на Чемпионшип и некогашен Премиерлигаш.

Договорот на Модриќ со Реал истекува на крајот од сезоната и постои голема сигурност дека тој заминува во пензија ова лето и покрај срамежливите најави дека може да има продолжување на соработката. Дел до парите кои ги заработи во досегашниот дел од играчката кариера, Модриќ решил да гиинвестира купувајќи акции во Свонси. Велшкиот тим моментно е на 12-то место во Чемпионшип и се уште е далеку од враќање во англиската елита.

Модриќ играше во Англија од 2008 до 2012 година, при што имаше можност да игра и со  Свонси во една сезона.

ПретходноФилип Лазаров и следната сезона на клупата на германски Интерактив
СледноРим синоќа беше во „урбана герилска војна“, 13 полицајци повредени (ВИДЕО)