Фати реши: Ова лето си оди од Барселона!

415

Ансу Фати е подготвен да ја напушти Барселона.

Каталонски „Спорт“ тврди дека крилниот напаѓач не сака да остане во клубот, и покрај тоа што неговиот договор е до 2027 година. 22-годишниот играч веќе му рекол на Жорге Мендеш, неговиот агент, да бара нов клуб за него.

Во исто време Фати не сака да оди на позајмица – само траен трансфер или раскинување на договорот. На опкружувањето на Ансу не им е јасно зошто тој толку малку игра и покрај неговата добра физичка кондиција. Оваа сезона крилниот напаѓач настапи на само 4 натпревари во Ла Лига и нема постигнато ниту еден гол.

ПретходноЕди Хау заврши во болница поради тешка пневмонија
СледноСтрумица и Штип УГД експресно обезбедија плеј-оф финале