Македонскиот првак денеска (15:30 часот) ќе се обиде да дојде до вториот трофеј пред стартот на новата сезона, откако претходно ја освои Струга.
Избраниците на Веселин Вујовиќ се пласираа во финалето на „Хумел Купот“, за противник го играат домаќинот на овој турнир, Магдебург. Вардар вчера го победи Холстебро со 33-28.
Ова ќе биде последна проверка пред четвртфиналната средба против ППД Загреб (26.08) за место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига.
За разлика од вчера, домаќинот финалето ќе го пренесува на својо youtube канал, линкот е во продолжение: