Арената блеска: Капа долу за Омерагиќ! (ФОТО)

3996

Значи кога се сака, значи кога се знае, јасно е дека се се може. Ова го говориме за тоа како денеска, на неколку часови пред спектаклот во Скопје, во кој се среќаваат Вардар и Ц.Звезда во хуманитарен меч, изгледа Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Неверојатно, но таа блеска ли блеска. Онака како што блескаше во август 2017 година кога на нашиот најголем стадион играа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА.

А за тоа е најзаслужен е претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и затоа велиме КАПА ДОЛУ за него.

Тој презеде иницијатива ложите да личат на ложи, столчињата да бидат чисти, новинарските места да бидат како што треба и да ти е кеиф да известуваш од Северна. За теренот да не говориме, од фотографиите најубаво се гледа.

Омерагиќ и со свои лични средства учествуваше во акцијата – Арената да го врати сјајот. И успеа во тоа.

Секоја чест и едно големо БРАВО.

Сега повторно сме горди дека го имаме еден од најубавите стадиони на овие простори, така и треба. Тешки милиони се дадени за ова здание и наше е да го одржуваме, овновуваме, да се грижиме за него.

А тоа ова раководство на ФФМ, иако не му е примарна работа, покажа дека знае како треба, посебно првиот човек на Федерацијата.

Само да се потсетиме како изгледаше Арената “Тодор Проески“ пред неколку месеци. Теренот катастрофа, столчињата со години неисчистени, ложата да ти е срам да донесеш некој гостин, новинарскиот сектор и повеќе од ужас.

Кога добиваш новинарска задача да одиш и да известуваш од Арената да не ти се оди, да “фаќаш кривини“ зошто не се оди во прљавштина.

Сите ја вртевме главата и се прашувавме дали ќе дојде денот кога не треба прво да употребиме тон марамчиња за да потоа седнеме на нашето место.

Ете, го дочекавме тој ден.

Најголем комплимент за тоа дека каква е сега Арената, даваат гостинските делегации кои прават селфи од “Тодор Проески“, како што тоа денеска го правеа гостите од Белград.

Значи кога се сака, се е можно, дури и Арената да блеска.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноЛШ 1/4 финале – реванши: Ќе има ли ново чудо на “Бернабеу“? Интер и Баерн посакуваат полуфинале со Барса!
СледноБилети за Вардар – Црвена Звезда достапни денеска и на билетарата на Арената