Меси: Ќе излажам ако кажам дека нема да играм на Светското првенство

128

Една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси одговараше на прашања за својата кариера, а особено за евентуалното негово пензионирање.

„Како што реков, фокусиран сум на сегашноста, но би излажал ако кажам дека не размислувам за Светското првенство. Да, мислам на него. Оваа година ќе биде клучна во однос на донесувањето одлуки за мојата иднина. Сакам да го најдам вистинскиот ритам, да најдам конзистентност“, вели Меси.

Аргентинецот во моментов настапува за Интер Мајами. Во последните две години од неговиот престој во САД тој одигра 49 натпревари на сите турнири, на кои постигна 42 гола и направи 21 асистенција. Актуелниот договор со клубот трае до крајот на 2025 година.

ПретходноИсторија: Шведска по 38 години има клуб во полуфинале во евро-куповите
СледноМијатовиќ: Да бидеме реални, не може секоја година Реал да ја освојува ЛШ