Уште еден медал за Македонија: Смилковски освои сребро до 67 кг. на ЕП во Тампере

121

Македонскиот каратист Столе Смилковски го освои сребрениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21, откако беше поразен во финалната борба во категоријата до 67 килограми од Турчинот Алтунер Јилмаз.

На патот до финалето Смилковски извојува пет победи и со тоа успеа да и донесе нов голем успех на Македонија. Вчера Стефан Стојановиќ освои златен медал во јуниорска конкуренција, Матеј Белистојаноски бронзен, а кадетот Андрес Басаров сребрен.

Македонија го завршува настапот на ова ЕП со 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен.

ПретходноНе мина ни недела, а да не направи глупост: Возел пијан, па сега остана без дозвола
СледноМу удри слава во глава: Прво одби нов договор со Барселона, сега не сака да игра за Шпанија