Фарук Мемиќ по пласманот на Ф4: Ова е голем успех и за македонскиот младински ракомет!

190

Успехот на младинците на РК Пелистер и тоа како израдува спортска Македонија, посебно ракометна Македонија. Младите битолчани се пласираа во завршницата во млаиднската Лига на Шампиони. Секако дека ова е уште еден доказ дека во Македонија се игра квалитетен ракомет.

Свој коментар по фантастичниот успех има и Фарук Мемиќ, тренерот на младиите битолски ракометари:
Ова е одличен успех за македонскиот младински ракомет и прекрасно искуство за мене како тренер. Првиот натпревар против Келце го добивме полесно од очекуваното со убедливо водство и одлична игра во текот на сите 60 минути каде што шанса за настап добија сите играчи во составот. Вториот натпревар беше далеку понеизвесен до самиот крај. Со оглед на тоа дека игравме со организаторот домаќин, кој што имаше подршка од солидната посетеност во текот на целиот натпревар, нашите момци одлично се снаоѓаа на теренот“.

Верувам во моите момци со кои функционираме како семејство. Самиот пласман на Ф4 турнирот во Келн е одличен успех за нас како клуб и држава. Младинските екипи дури и на ракометни великани се една непознаница за нас, меѓутоа не се предаваме и одиме во Келн да се надигруваме и да се претставиме во најдобро светло. Им честитам на моите играчи за оствареното, кое што беше еден вид мој роденденски подарок“.

Жалам што и покрај тоа што во македонските клубови поседуваме одлични играчи од генерација 2006/07 не успеавме да се пласираме на светското првенство во Египет. Од друга страна навистина е жално што од овие играчи никој досега не е повикан за репрезентација, само поради фактот што играат во Еурофарм Пелистер”.

ПретходноПолувреме: Беса поведе па Шкендија направи пресврт, прекрасен гол на Чаир, со водство и Пелистер, Тиквеш, Воска, на дербито без голови! (ВИДЕО)
СледноЃокереш си кажа за кој клуб сака да потпише!