Немили сцени во Охрид на мечот Воска и Вардар и тоа првенствено од домашниот табор. Имено Вардар израмни на 1:1 со голот на Дурански, инаку тоа беше чист гол, за да потоа домашните во 75.минута го напуштија теренот. Откако се почека извесно време тие да се вратат, сепак тоа не се случи. Тоа значи дека овој меч и официјално е прекинат а Вардар ќе добие службена победа.
Инаку Воска во неколку наврати се бунеше на судиските одлуки, но се виде дека сите тие беа чисти што се вели.
По се ова најмногу загубу Воска.