Фернандо Мориентес: Можев да умрам!

427

Некогашниот репрезентативен напаѓач на Шпанија, како и на Реал Мадрид, Ливерпул, Валенсија…Фернандо Мориентес (49), на еден подкаст ја опиша својата животна драма.

Имено како што наведува Мориентес, тој доживеал белодробна емболија поради формирање на тромб и тоа како последица на претерано седење или долго патување со авион или автомобил.

Се враќав од Хуелва во Мадрид, ме болеше градниот кош, имав голема болка во пределот на градниот кош.Мислев дека е нешто со желудникот па одлучи да не одам на лекар. Подоцна се случи нешто слично и затоа отидов во болница. При тој преглед беше востановено дека имам високо ниво на срцеви ензими, што веднаш дојде до сомнеж дека имам срцеви проблеми. И така дошло до создавање на тромб од долго седење. Тој тромб отишол во градите и затоа биле тие остри болки. Минав неколку дена во болница, можев да умрам“ посочи Фернандо Мориентес.

ПретходноБарселона и официјално потврди за повредата на Левандовски!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Гостиварци пред и во полициската станица во Струга!