Валјадолид – Осасуна 2:3 е епилогот од денешниот меч во Ла Лига во рамките на 32.коло. Може да се каже очекувано ако се знае дека домашниот тим е убедливо последнопласиран на табелата во елитната лига на Шанија.
Од друга страна со оваа победа тимот од Памплона е на 10.позција на табелата.
Веќе во 9.минута гостите поведоа со 0:1 со голот на Будимир, а во 34.минута беше 0:2 со голот на Гарсиа.
Домашните намалија во 49.минута со голот на Моро, за да Осасуна пак дојде до +2 со голот на Будмир, негов втор, од пенал во 60.минута.
Конечните 2:3 ги постави Сила од пенал шест минути подоцна.