По денешната тешка победа на гостувањето кај Лестер (0:1), лидерот во Премиерлигата, Ливерпул е на 3 бода до освојување на титулата.
Избраниците на тренерот Арне Слот на 5 кола до крајот на шампионатот се водечки на табелата со 79 бодови, пред Арсенал кој е второпласиран со 13 бодови помалку.
Ливерпул може да ја освои Премиер лигата веќе во следното коло, секако доколку го победи Тотенхем на домашен терен во рамките на 34. коло кој ќе се одигра на 27 април.
Сепак, доколку момците на Слот математички би можеле да станат шампиони уште во среда доколку Арсенал загуби од Кристал Палас.