Поради смртта на папата Франциско во Италија нема да се игра фудбал

423

Во италијанскиот шампионат денеска нема да има натпревари откако утрово почина папата Франциско. Италијанската фудбалска лига одлучи да ги одложи на неодредено натпреварите Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус кои се од 33.коло и требаше да се играат денеска.

„Папата Франциско почина во понеделник наутро“, објави кардиналот Кевин Фарел.

„Во 7 часот и 35 минути утринава, римскиот бискуп Фрањо се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква“, се вели во изјавата на Фарел.

ПретходноАртета за повредата на Букајо Сака: Не беше намерно, но беше доста опасно!
СледноВМФЛ: “Лавовите“ против Детонит, Башкими пред лесни три, Брегалница гостува во Велес