Џон и Весли Корир станаа првите браќа победници на Бостонскиот маратон

101

Кенискиот атлетичар Џон Корир победи на маратонот во Бостон со време 2:04:45, иако имаше пад на самиот старт на трката. Тој брзо стана и ја продолжи трката и на крајот создаде минута предност пред конкурентите. Второто место му припадна на Танзаниецот Алфонс Симбу, додека трет беше Кениецот Кибријан Котут.

Корир ја продолжи семејната традиција, бидејќи неговиот постар брат Весли Корир славеше во Бостон во 2012 година, што ги направи единствените браќа во историјата кои победиле на овој престижен маратон.

Во женска конкуренција славеше Кенијката Шарон Локеди со резултат 2:17:22.

Бостонскиот маратон, еден од најстарите и најпрестижните во светот, годинава уште еднаш привлече врвна конкуренција и десетици илјади гледачи на патеката.

ПретходноСензација: Го Ахед Иглс се нови освојувачи на Купот на Холандија
Следно„Шумарите“ ја продолжија агонијата на Тотенхем