Кошаркарите на Панатинаикос го совладаа Анадолу Ефес во Атина со 87-83 во феноменален натпревар од плеј-офот во Евролигата и успеаја да поведат со 1-0 во оваа серија.
Панатинаикос овој меч го реши буквално во самиот финиш. Грчкиот тим зголеми на 85:80 со тројката на Грант и на 30 секунди до крајот го сврти натпреварот во своја полза. Ефес не успеа да го искористи нападот и да се врати во игра. Пао одбрани, по што Нун изведе две слободни фрлања за 87:80. Ларкин погоди тројка за конечни 87:83.
Херој на Панатинаикос вечерва беше брилијантниот Ернангомез, кој постигна 20 поени и додаде 16 скока и три асистенции. Во тимот на Ефес се истакнаа Ларкин со 17 поени.
Панатинаикос поведе со 1-0 и за два дена екипите повторно ќе одиграат нов натпревар во Атина.