Пеп се израдува како да освоил ЛШ: Сити со гол во 90+4.минута за победа над Астон Вила!

182

Во дербито на 34.коло во Премиерлигата, вечерва на „Итихад“, Манчестер Сити успеа со 2:1 да ја победи Астон Вила во битката за ЛШ. Стрелец беше Нуњез во четвртата минута од судиското продолжение. Во тој момент впечатлива беше еуфоричната радост на Пеп Гвардиола, како да освои Лига Шампиони, ете таква беше радоста на стратегот на Сити.

Домашните поведоа со голот на Бернардо Силва уште во 7.минута, за да Рашфорд од пенал во 18.минута израмни на 1:1. Веројатно никој на стадионот не помисли во тој момент дека тие 1:1 ќе важат се до 90+4.минута.

Сити сега е на 3. место со 61 бодови, додека Астон Вила има 57 бода и е седма на табелата. Нотингем е четврти со 60 бода, Њукасл е петти со 59 бода и Челзи е шести со 57 бодови. Сепак треба да се каже дека сите овие екипи имаат меч помалку од Сити и Астон Вила.

ПретходноСпектакл во Атина: Панатинаикос во последната минута го совлада Анадолу Ефес
СледноРаде Стојановиќ ја завршува својата мисија во Тримо Требње