Куп на Македонија: Струга ТЛ сака финале, Шкендија сака финале…

197

Покрај Струмица, денеска и во Струга (16 часот) ќе се игра реванш меч од полуфиналето во Купот на Македонија. На Градскиот стадион покрај езерото, се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија. Тимот кој досега беше шампион и тимот кој најверојатно ќе биде шампион во ПМФЛ.

На првиот меч под Шара пред две недели победија стружани како гости со 1:2, па така денеска на Струга ТЛ и одговара и реми.

Прво да посетиме дека во случај на победа на Шкендија со еден гол разлика нема да има продолженија, веднаш ќе се изведува пенал – серијата.

Струга ТЛ преку Купот сака повторно излез во Европа, Струга ТЛ сака второ финале во својата историја и прво освојување на пехарот во Купот на Македонија.

И Шкендија си има свои желби и амбиции, а тоа е да дојде до двојна круна, значи и тетовци сакаат финале.

Пред овој реванш меч, своите очекувања ги пренесува Ард Касами, дефанзивецот на Струга ТЛ:

Победата на првиот меч во Тетово несомнено дека ни дава голем оптимизам за реваншот, кој денеска го играме пред нашите навивачи. Се подготвивме максимално за овој натпревар, знаејќи ја важноста и тежината што ја има за нас како екипа. Силно веруваме дека овогодинешниот пехар во Купот ќе дојде во Струга и на овој начин ќе им оддадеме благоарост и почит на сопствениците на клубот за се она даваат за нас како играчи, но и за целиот клуб. Исто така сакаме да ги израдуваме сите наши сограѓани на овој прекрасен град Струга, кој во последните две години се радуваа на титулите во ПМФКЛ, а сега да се радуваат и на титула во Купот“ посочи Касами.

ПретходноПроблеми во Реал: Мега – ѕвездата на “кралевите“ би можела да биде суспендирана на две години!
СледноМу го спомнаа Роналдо, Бензема отсечно одговори: Пријателе, тоа воопшто не ме интересира!