Флик: Создадовме многу шанси, но нивниот голман беше одличен

88

Тимот на Барселона синоќа со минимални 1:0 одработи победа против екипата на Мајорка. Иако навидум според резултатот мечот би изгледал како неизвесен, сепак, Барса на овој меч создаде десетина зицер ситуации особено во првиот дел. Сепак, своја вечер имаше голманот на Мајорка, Лео Роман кој што имаше неверојатно интервенции.

“Одигравме добар натпревар, создадовме многу шанси, но јас сум среќен. Нивниот голман беше многу добар. Сите одиграа добро против Мајорка. Направивме помалку грешки од претходните натпревари и тоа е добро”, смета Флик, па го прокоментира денот повеќе за одмор пред супер дербито во купот против Реал. 

„Ова можеби е предност, но можеби не е. На другите натпревари бевме во спротивна ситуација. Реал има добар тим и еден од најдобрите тренери во светот. Анчелоти е џентлмен и многу го почитувам. Во сабота се соочуваме со неговиот Реал и очекувам одличен натпревар против голем тренер. Барса и Реал се одлични тимови и нормално е титулите да бидат решени и двајцата ќе сакаме да бидеме повеќе од нив и Купот. во првенството нема да биде лесно и мораме да бидеме фокусирани“, – рече германецот. 

 

ПретходноНатпреварувачка комисија при ФФМ: Воска – Вардар со службени 0:3
СледноБи Би Си: Рашфорд веројатно никогаш нема да игра повеќе за Јунајтед