Аморим: За Далот веројатно заврши сезоната

92

Нема крај на маките на тимот на Манчестер Јунајтед. Денеска на прес конференција, менаџерот Рубен Аморим објави дека повредата на подколеницата на Диого Далот е од посериозен карактер и дека за него многу веројатно заврши сезоната.

Тоа е дефанзивецот кој има најголема минутажа во тимот сезонава со 49 настапи во стартниот тим од 51 меч.

„Диого Далор е во „аут“. Не знаеме колку долго ќе отсуствува, но ќе биде надвор од терените на следните неколку натпревари сигурно. Диало и Де Лихт се тука некаде.  Дали Далот може да ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната? Постои таква можност, но се уште не знам. Ќе ја проверуваме ситуацијата од недела во недела. Има нешто во мускулот на потколеницата откако играше серија натпревари каде што играше цело време. На натпреварот против Борнмаут ќе одиме со најдобриот состав бидејќи имавме цела недела да се подготвиме. Некои од играчите не играа против Вулверхемптон и понекогаш ако играчите имаат толку време за опоравување, тоа е лошо. Ќе се обидеме да направиме се што можеме за да победиме на овој натпревар и да се подготвиме за следниот. Се обидов да не го спомнам Билбао во текот на неделата. Фокусирани сме само на Борнмаут“ – изјави Аморим.

ПретходноИван Настевски „Меси“ со гол како вистинскиот Меси (ВИДЕО)
СледноТер Штеген дефинитивно активен за „Ел Класико“