Денеска на теренот на ФФМ во Скопје, со почеток од 16 часот, со мечот Вардар – Беса се отвора 29.коло во ПМФЛ. Во некои други времиња, посебно на почетокот на оваа сезона и тоа во есенскиот дел, немаше да има фаворити на оваа средба, но сега работите се менуваат. Сега Вардар е фаворит на хартија, и поради местото на табелата, и поради формата и игрите кој тимот на стратегот Гоце Седлоски ги пружа оваа пролет. Во случај вардарци да останат непоразени, ќе дојдат до 13 меча без пораз на официцијални мечеви во низа и со тоа ќе го израмнат скорот од сезоната 2019/2020 кога нашиот најтрофеен клуб имаше таква серија.
Вардар оди на победа со која и дефинитивно ќе стави крај на сите стравувања дека може во последните 4-5 кола да дојде до некои поместувања на табелата во поглед на опстанокот. Нели рекле, готово е кога навистина е готово.
Вардар игра добро оваа пролет, тоа е тим кој знае што сака и знае што треба да прави. И кога не блеска, а имаше такви мечеви оваа пролет, составот на Седлоски секогаш знаеше како да дојде до тоа што го посакува, а тоа го можат само големи клубови.
Беса доаѓа на гости кај Вардар предводена од Горазд Михаилов. Тренерот кој минатата сезона во пролетниот дел го предводеше Вардар и беше на клупата на “црвено – црните“ во воведните кола во оваа сезона кога си замина. Овие две екипи во пролетниот дел од оваа сезона веќе играа и тоа на Националната Арена “Тодор Проески“, кога беше 0:0. Тогаш дуелот Седлоски – Михаилов, иако Горазд тогаш беше на трибини, заврши без победник.
Да видиме денеска како ќе биде.
Но денеска работите се поинакви, денеска Беса е под притисок, едноставно не смее да си дозволи пораз.
Да споменеме дека утре, исто од 16 часот, се играат натпреварите Пелистер – Тиквеш, Шкендија – Шкупи, Силекс – Струга ТЛ, Гостивар – Работнички, а во понеделник играат Брера и Воска.