ПСЖ не стана најдобриот француски тим во историјата, Енрике порача: Не е пораз што боли!

260

Пари Сен Жермен загуби од Ница со 1:3 (1:1) на „Паркот на принцовите“. По овој меч тимот на Луис Енрике ја пропушти шансата да стане француски рекордер по бројот на последователни натпревари без пораз. Тоа сепак ќе остане тимот на Нант од сезоната 1994/95, кој „врза“ 32 натпревари без поразен. ПСЖ застана на 30.

Следно е патување во Лондон, каде ќе се соочи со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Луис Енрике ја истакна дефанзивната игра на Ница, која му го нанесе првиот пораз на ПСЖ (1:3) во Лига 1.

„Не е пораз што боли. Би сакал да им честитам на Ница, кои одиграа сериозен натпревар. Тие се бранеа многу добро, имаа 30 шанси. Сакавме да го имаме истиот натпревар со Арсенал, да имаме 30 шанси. Ќе направиме сè што е можно за навивачите. Ница имаше исклучителна дефанзивна изведба, но мораше да победиме“, изјави Енрике.

Дури и по овој пораз, ПСЖ има неверојатни 23 бода предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј.

ПретходноНавивачите на Барселона изненадени од новиот стајлинг на Јамал пред „Ел Класико“ (ВИДЕО)
СледноЃоковиќ не сакаше да го навреди Модриќ: Ве молам не прашувајте!