Попладнево од 16 часот на програмата се сите осум средби од 26.коло во ВМФЛ. Нема дилеми дека најинтересно ќе биде под Исарот во Штип каде Брегалница ја дочекува Македонија ЃП. Ова е еден од решавачките мечеви за “сините“ во битката за враќање во елитата. Разликата е +5 бода за лидерот, тимот на Македонија ЃП, како и за вториот Башкими, па јасно е дека на Брегалница на ова денешно дерби и одговара само победа и само три бода.
Башкими ќе има тешко гостување кај Осогово во Кочани, додека третиот на табелата, составот на Арсими гостува кај Детонит.
Јасно е дека и по ова кола нема докрај да се разјаснат работите во поглед на горниот дел на табела, но некои работи веројатно ќе бидат појасни, посебно ако денеска во Штип гостите од Ѓорче успеат да освојат три бида со што би ја ставиле Брегалница во крајно незгодна ситуација, посебно ако и Башкими и Арсими успеат да дојдат до победи.
ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
Вардар (Н) – Борец
Брегалница – Македонија ЃП
Детонит – Арсими
Кожув – Беласица
Скопје – Охрид
Осогово – Башкими
Вардарски – Победа
Саса – Новаци
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 56, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51, Беласица 38, Детонит 36, Охрид 36, Скопје 34, Кожув 32, Саса 32, Новаци 28, Победа 27, Вардар (Н) 27, Осогово 19, Борец 13, Вардарски 11