Селтик и официјално е шампион на Шкотска и тоа четврта година по ред и 13-ти пат во последните 14 сезони. Тимот на Брендан Роџерс ја обезбеди титулата по победата од 5-0 на гостувањето кај Данди Јунајтед за кого настапија и нашите Бабунски и Трапановски.
Со овој триумф Сектик се израмни со Ренџерс по бројот на титули во Шкотска, сега и двата клуба сега по 55.
Селтик има 17 поени предност пред второпласираниот Ренџерс.