Англичаните тврдат: Меси веќе размислува да го напушти Париз

1989

Лионел Меси ова лето потпиша за ПСЖ и ја нашушти Барселона. Британски „Daily Mirror“ открива дека аргентинскиот фудбалер нема долго време да се задржи во Париз, веќе размислува за следната дестинација.

Тој има договор со ПСЖ на една сезона со можност за продолжување на истата на уште една. Сепак постои голема шанса следното лето да си замине, според истиот медиум, Меси стапил во контакт со Дејвид Бекам.

Некогашниот англиски репрезентативец е на чело на Интер мајами во МЛС лигата, а желбата на Аргентинецот е да дојде во САД.

МЛС и Интер постојано беа во игра за Меси, тој требаше да биде амбасадор на Барселона токму во оваа лига и тоа како член на тимот на Бекам.

 

ПретходноХаос во Ница: Навивачите со шишиња го гаѓаа Паје, тој им врати на ист начин (ВИДЕО)
СледноГолема драма: Барди и Леванте одиграа 3-3 против Реал